Додека партиите од власта се обидуваат да протнат закон со кој ќе се дислоцираат повеќето кладилници и казина од градовите, во земјава влегува бугарска онлајн компанија за коцкање.
- Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија влегува со бизнис одлука во Македонија. Акционерското друштво за приредување игри на среќа, како што дознава „Фактор“, влегува на македонскиот пазар преку преземање на удели од веќе постоечка фирма во нашата земја.
За Телематик Интерактив Бугарија АД, како што е објавено на нивниот веб-сајт, пишува дека е носител на лиценцата на една од најголемите платформи за казино игри и спортски облози во Бугарија - Palms Bet и е сопственик на провајдерот на содржини за игри CT Interactive.
Како што пишувале бугарските медиуми, се нуди широк спектар на услуги за коцкање, како што се онлајн спортски коефициенти, обложување во живо, казино игри и други онлајн содржини за обложување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата