logo
logo
logo

НАД ЗАКОН И ПОЛИЦИЈА се ставил градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за да го спаси брат му

Vecer | 26.03.2026

НАД ЗАКОН И ПОЛИЦИЈА се ставил градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за да го спаси брат му

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот.

Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран полициски службеник го обезбедувал ПМВ „Рено Каптур”, кое по наредба на ЈО претходно било одземено в/в чл.297-а став 2 од КЗ, сторено од Милан Митовски (брат на градоначалникот на Крива Паланка), дошол Сашко Митовски (градоначалник на КриваПаланка), го отклучил возилото и ја отворил возачката врата на која имало залепено лепенка од крим-техника, со што истата ја скинал и се обидел да влезе во возилото.

Од страна на униформирани полициски службеници му била дадена наредба да се оддалечи и бил спречен да го земе возилото кое се обезбедувало, по што истиот си заминал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk