logo
logo
logo

На „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу два часа за влез и излез од државата

Vecer | 13.08.2022

На „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу два часа за влез и излез од државата

АМСМ соопшти дека на граничните преминиа „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу два часа за влез и излез од државата. На „Богородица“ времето на чекање за излез од земјава е околу половина час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk