Социјалистичката партија на Македонија укажува дека
гласањето на 8 мај е историско, народот ќе ја определи својата иднина и
иднината на државата. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека
како никогаш досега на македонскиот народ му е потребна сплотеност и единство
како услов за опстојување и сочувување на македонската држава, стои во
денешното соопштение на СПМ.
-Единствена организирана структура која има сила и моќ за
промени во државата е Колацијата „Твоја Македонија“ и само таа може да обезбеди
стабилност, просперитет и европски развој на Македонија. Кандидатката за
преседател Гордана Силјановска Давкова и предложените кадри за пратеници од
Коалицијата се потврдени луѓе, сериозни, и цврсто патриотски определени за да
ја направат Македонија силна и горда. Само тие може да се справат со проблемите
што ги создадоа СДС и ДУИ, со криминалот и мафијата кои мора да бидат
отстранети и казнети, нагласија во соопштението од СПМ.
Силата и волјата на народот ќе се оствари со реализација на
Програмата 1198 на Коалицијата које е програма од народот и ги содржи сите
негови барања кои сигурно ќе бидат реализирани. Социјалистичката партија на
Македонија ги повикува сите граѓани на масовна излезност и поддршка за
кандидатите на Коалицијата „Твоја Македoнија“ за поубава, праведна и горда
држава за успех на сегашните и идните генерации, потенцираа во соопштението од
партијата.