ВМРО ДПМНЕ, преку претседателот Христијан Мицкоски, објави документи - Афера Мафија - со кои јасно се докажува дека македонската полиција, низ легална процедура, издавала пасоши и лични карти под лажни имиња на крупни нарко босови од Црна Гора и Турција.
Пасошите се оригинални, мафијашите се сликале во МВР, а потоа МВР им издала пасоши и лични карти со нивна слика и туѓо име како да се релано постоечки македонски граѓани. Се друго – е нелегално. Криминално.
Ваква постапка може да се спроведе само ако е надгледувана од врвни функции во МВР кои со лични налози и упатства наредуват постапка за издавање пасоши на мафијашите. Вакви пасоши не се купуваат со пари под маса, туку се добиваат за некаква контрауслуга.
А каква контрауслуга може да даде на шефовите во македонската влада кои му обезбедиле пасош врвниот балкански мафијаш Јован Вукотиќ, кој добил македонски пасош со име Георги Андонов, чија дејност се трговиоја со дрога и убиства?
Ден по објавата на скандалот Мафија од страна на Христијан Мицкоски МВР изврши апсења на свои службеници во секторот за издавање лични документи. Патем, МВР изјави дека Христијан Мицкоски со објавувањето на документите за издавање македонски пасоши на врвни мафијаши од Балканот сакал да им ја уништи полициската акција која на случајот работела година дена?!
Никој не верува во оваа прозивка на МВР. Ниту пак тие работеле година дена на откривање кој и зошто издава македонски пасоши под лажно име на мафијаши од Балканот. Напротив, пасошот за шефот на црногорскиот клан Јован Вукотиќ, со име на Георги Андонов, е издадаен пред четири години и МВР цело време имале податок за тој, но и другите вакви пасоши, и не реагирале.
Според изјава на Јован Вукотиќ пред белградскиот Суд во Србија после апсењето, дадена уште во октомври 2018-та година, тој лично потврдил дека пасошот го добил по редовен пат од МВР, дека појма нема кој е тој Георги Андонов чие име е ставено под неговата слика во пасошот, и патувал со него во најмалку пет држави. Од октомри 2018 до денес има 30 месеци, МВР го знаеле ова по службена должност, и не преземале ништо.
Судењето на Јован Вукотиќ во Србија за лажниот македонски пасош беше јавен настан во 2018-та и 2019-та година. Сите поголеми српски медиуми пишуваа за тоа, па 50-те соработници и советници за односи со јавност во владата и МВР знаеле за случајот. МВР и македонската влада – не реагирале. Се до денес.
Во февруари 2019-та Јован Вукотиќ е правосилно осуден на 15 месеци затвор заради употреба на македонски фалсификуван пасош. Бидејќи пасошот е македонски нашите полициски органи се известени за овој случај уште во 2018-та и 2019-та година. Денес, МВР тврди дека за ова имале своја истрага од пред 12 месеци. А случајот го знаеле пред 30 месеци. Што правеле во меѓувреме?
Полицијата против обвинителството
Случајот за нашата јавност се забошотуваше и криеше – се до објавата од страна на Христијан Мицкоски пред ден-два. Дури потоа, МВР тргна во акција, без до сега случајот да го пријави и стави на располагање на Јавното обвинителство.
Вилма Рускоска, шефица на Организиран клриминал при ЈО, ден по објавата на сканадлот Мафија изјави дека Обвинителството прво ќе почека на полициските акции, па ќе делува потоа.
Познато е дека помеѓу Вилма Рускоска од една, а МВР и премиерот Зоран Заев од друга страна, веќе подолг период постои недоверба и нетрпеливост. И намера на извршната власт да ја смени Вилма Рускоска и на нејзино место да постави свој, проверен обвинител, од редовите на поранешното СЈО. Причината е што Вилма Рускоска не им е под контрола, и почнува да ги подрива мафијашките врски помеѓу полицијата, извршната власт и нарко подземјето како и рекетирањето.
А на извршната власт и се потребни нови апсења и афери на опозцијата и лица кои ги сметаат за блиски на опозицијата за да се дефокусира вниманието од високата корупција која е веќе и меѓународно нотирана.
Затоа, во ова време, поранешните обвинители на непостоечкото СЈО дополнително обработуваат над 30 стари предмети, од пред десетина години, и подготвуваат нови апсења, обвиненија и судења за опозицијата и лица кои ги сметаат за блиски до неа. Вилма Рускоска, иако шеф на ЈО за Организиран криминал, нема извршни овластувања за овие постапки.
Освен ова, деновиве видовме обид на Вилма Рускоска и ЈО за организиран криминал за апсење на нарко клановите од Грчец и Арачиново но, акцијата пропадна затоа што некој од МВР на време дојавил до наркобосовите кои избегале. Тоа е изјава на Вилма Рускоска која најави истрага за провалата во МВР и барање одговорност во полицијата.
Со ова Вилма Рускоска објави јавно удар врз МВР, полицијата и врвот на извршната власт. Очекуваме, за почеток, да видиме кој од извршната власт со полициски овластувања вршел рекет на бизнисмени во Струмица за што постојат аудио-видео записи за кои знаат и во ЈО, и во полицијата.
Очекуваме и да видиме обвинение за прислушкување на фиксните телефонски линии во Јавното обвинителство. Очекуваме разврска и за скандалите со Рашковски.
За да не се види ова, поранешните обвинители од СЈО работат на случаи стари по десет или повеќе години во кои фокусот треба да се сврти од сегашната корупција кон опозицијата. Тоа е за домашна употреба но, кај меѓународниот фактор тоа веќе не пали.
Кој ги урива американските планови против наркобизнисот
Ако внимателно се следи изјавата на МВР во врска со акцијата за апсење на полициски службеници од секторот за јавни исправи, може да се забележи нивната реченица дека акцијата ја спровеле во соработка со Американската амбасада!
Од каде Американската амбасада во полициска акција за откривање организиран криминал со издавање лажни македонски пасоши на нарко босови од Балканот?
Порталот ВЕЧЕР прв, во три наврати досега, пишуваше дека во 2018-та американската агенција за борба против трговија со дрога – ДЕА, формира тимови во неколку балкански држави за организирана борба против силната балканска нарко мафија, а во врвот на истата е и посочениот црногорски граѓанин Јован Вукотиќ со македонски пасош.
За Американците од ДЕА, најмоќна антинарко агенција во светот, човек од доверба во македонското МВР бил Лазе Велковски, кому е доверено да создаде екипа за борба против нарко босовите во Македонија. Но, врвот на полицијата му мести скандал со злоупотреба на службен џип, после што Оливер Спасовски во септември 2018-та го смени од директор на Јавна безбендост и го деградира во началник на организиран криминал.
Човек од доверба на ДЕА беше, исто така, и Горан Николовски Џони, по изборите во 2017-та поставен за директор на УБК во МВР кој, со одлука на владата, е сменет во јули 2019 година. Заев ги смени двајцата полициски директори од доверба на Американците.
И Лазе Велковски, и Горан Николовски Џони, важат за врвни професионалци со рејтинг, дијаметрално различни од Катица Јанева, кои врвот на власта не успеа да ги стави под контрола. И двајцата беа најблиски соработници на Вилма Русковска од полицијата.
https://vecer.mk/uncategorized/%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80-%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b4%d0%b0%d1%82%d1%83%d0%bc-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d1%80/
Екипата на американската ДЕА, предводена од Лазе Велковски, која имаше и обука помеѓу останатото и во Будимпешта, од 2018-та до денес се обиде неколку пати да изврши акции против нарко дилерите во Македонија но, сите завршија без успех, заклучно со последната пред десетина дена. Сите беа неуспешни заради соработка на функционери од полицијата со наркодилерите, што го потврди и Вилма Рускоска.
Затоа, во последното соопштение на МВР за акција против издвање македонски пасоши под лажен идентитет на нарко босови од Балканот изрично стои дека е тоа во соработка со Американската амбасада. Без тоа, и овој скандал обелоденет од Христијан Мицкоски ќе поминеше забошотен, како и многу скандали претходно.
Што очекуваме во вториот чин од драмата
Но, дали скандалот Мафија со пасошите и личните карти за Јован Вукотиќ (Георги Андонов) и Турчинот Седат Пекер (Џадин Амедовски) се крај на приказната?! Не.
Познато е дека врвот на оваа власт има блиски односи со подземјето, пред се за потреби на полнење кутии и купување гласови за избори, и јавно се дружат и сликаат со врвот на македонскиот нарко бизнис. Тоа е однос на меѓусебен интерес, а наркобосовите кои го завршија своето на трите последни избори, очекуваат владата да го одработи својот дел.
Познато е дружењето, потврдено со нивни изјави и заеднички фотографии, на Захир Бекири Чауш и Зоран Заев. Чауш е специјалист за изработка на фалсификувани лични исправи за потреби на криминалците а, за потреби на Шарената револуција, изработуваше лажни документи за компромитација на тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Чауш беше осуден во 2016-та година за ставање во промет на фалсификувани лични карти за потреби на изборите, а скандалот го објави новинарот Љубиша Арсиќ со презентација на 105 примероци од фалсификуваните лични карти под организација на Чауш. Случај познат како Фабрика за афери, за потреби на СДСМ.
Сега Чауш не е веќе потребен, фалсификувани документи за потреби на врвните нарко дилери – изработува МВР. Бизност и врските наследени од Чауш, сега се со пософтицирани методи.
Има ли во МВР и ЈО уште некои сознанија за наркобизнисите во Македонија поврзани со Косово, Црна Гора, Турција и европскиот нарко пазар? И тие сознанија можеби стојат со години по полициски и обвинителски фиоки и чекаат некој Христијан Мицкоски да ги обелодени, па потоа да се тргне во акција.
Дали македонски пасоши со лажен идентитет на нарко дилери и босови од МВР се издадени на најмалку 200 лица од наркобизнисот, и не е само во случајот Јован Вукотиќ? Да се потсетиме – на 26 мај 2020-та Македонец, Црногорец и Србин се осомничени за обид да го убијат лидерот на кавачкиот црногорски криминален клан, Радоје Звицер, во Украина. Украинските органи ги уапсиле и ги идентификувале.
Лажниот Македонец уапсен во Украина, со пасош издаден од МВР, е Црногорецот Стефан Ѓукиќ (30) со пасош на име Ѓорѓи Каце, име типично за Македонците од Пустец. Настанот е од ноември 2020-та година, пред 16 месеци. Иако имале сознание за ова, во МВР не преземале ништо.
Кавачкиот Клан и Радоје Звицер се противници на Шкаљарскиот клан на Јован Вукотиќ. И нема Македонец во тројцата напаѓачи, туку црногорски мафијаш од кланот на Јован Вукотиќ со македонски пасош издаден од МВР со лажен идентитет.
Дали лицата кои ги издаваат пасошите, а тоа не е постапка во надлежност на само еден службеник, имаат директни наребодавачи во врвот на извршната власт дека тоа се прави за државен интерес, а сите пасоши на крај, финално, на мафијашите им се издадени, врачени од едно проверено лице вработено во МВР?
Дали изборот на имиња за лажен идентитет во пасошите на нарко дилерите се прави во МВР, од база на лица кои навистина постојат, но или се долго во странство и одмана не побарале македонски лични исправи, или се имиња на Македонци од Албанија, пред се од Пустец. Неколку албански нарко дилери имаат лажни пасоши издадени од МВР со имиња и презимиња типични за Македонците од Пустец?
Дали во МВР и ЈО постојат податоци, документирани со слика и видео, за група нарко дилери од Македонија која со службено возило Пасат на едно од министерствата на владата патува за Албанија, а преку Албанија и Европа во Колумбија за договарање испорака на кокаин. Дали тие луѓе со години се во врска со висок функционер на ДУИ, денес во врвот на извршната власт?
Во очекување на потврда или демант на овие прашања до МВР и ЈО, да кажеме дека овие податоци ги има американската агенција ДЕА, и очекува разврска на криминалот со државно покритие.
Издавањето на пасоши со лажен идентите од страна на официјален македонски државен орган е меѓународно кривично дело. Ние имаме слободен влез без визи во Шенген зоната во Европа затоа што државата гарантира автентичност и контрола врз издадените патни исправи, пасошите.
Не е изненадување ако, после овие скандали и ваквата работа на МВР и државниот врв, Македонија да биде казнета со враќање на визен режим за патување во Европската унија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата