logo
logo
logo

Момироски: Сопругите на Фатмир Битиќи и Ерол Муслиу преку невладиниот систем земале над 600 илјади евра

Vecer | 09.06.2022

Момироски: Сопругите на Фатмир Битиќи и Ерол Муслиу преку невладиниот систем земале над 600 илјади евра

Во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа, новинарот Горан Момироски обзнани истражувачки труд, според кој се отвора голем сомнеж за најтежок вид на корупција во врвот на власта, а тоа е трговија со влијание. „Случајот кој јас го истражувам со мала помош од луѓе од внатре и од странство индицира дека сопруги на двајца високи државни функционери преку невладиниот систем, но со поддршка и помош дошле до еден проект во кој учествувале во него а претпоставувам и земале пари во висина од над 620-630 илјади евра“, рече Момироски. Момироски додаде дека се работи за можеби најтешкиот вид на корупција кои се нарекува трговија со влијание. Доколку сопруги на државни високи функционери земале такви пари а Владата имала некаква улога, тогаш дали тука има простор за сомнеж за корупција?, одговорот секако е потврден. Момироски посочи дека двајцата високи државни функционери се вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Ерол Муслиу. „Во едната организација главна е сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, Афродита Муслиу. Додека пак во втората организација е Милинда Рушити Битиќи сопруга на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Со тој проект тие добиваат фантастичен проект од над 600 илјади евра“, заклучи Момироски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk