logo
logo
logo

Мицкоски: ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ, РЕАЛЕН РАСТ

Vecer | 03.04.2025

Мицкоски: ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ, РЕАЛЕН РАСТ

Зголемени плати, реален раст – Македонија се буди! Од 1 октомври започна исплатата на зголемените плати во јавното здравство: линеарно зголемување од 2.500 денари нето за сите! Со зголемувањето во ноември, вкупното зголемување достигнува 4.815 денари, а за медицинските сестри дури 6.200 денари, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Со тоа, просечната плата се зголемува на околу 50.200 денари.

Октомвриското зголемување изнесува 10.49%, а кумулативно – дури 17.18%! Со инфлација од околу 3.5%, реалниот раст за 2024/25 ќе биде околу 9.4%.

За споредба, во периодот 2021–2023 реалниот раст изнесуваше само 3.8%.

Промените се случуваат.

Македонија повторно станува ваша, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk