logo
logo
logo

Тетовец загинал во сообраќајка кај Скудриње, сопатничката е тешко повредена

Vecer | 07.04.2025

Тетовец загинал во сообраќајка кај Скудриње, сопатничката е тешко повредена

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на селото Скудриње.

Сообраќајната несреќа се случила вчера, околу 18 часот, на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Скудрински мост, кога возило „ланд ровер“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал 49-годишен тетовец, излетало од патот.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во сообраќајната несреќа на самото место починал возачот на автомобилот Ш.С., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 47-годишната А.С. која била пренесена во Клиничката болница во Тетово.

„Патничко возило ’ланд ровер’ со тетовски регистарски таблици излетало од пат и на самото место починал возачот Ш.С. (49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С. (47), се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделот за внатрешни работи Гостивар во содејство до јавен обвинител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk