Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави во НАТО, на која разговарале за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и за актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети во насока на унапредување на регионалната и глобалната стабилност.

„На средбата ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани“ напиша Мицкоски на Фејсбук.
Средбата, како што нагласува, е дел од напорите за продлабочување на сојузништвото и унапредување на соработката меѓу Македонија и САД во областа на безбедноста и одбраната.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата