Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по однос на Оперативниот план што го донесе Владата денеска истакна дека од септември ќе има уште еден повик за самовработување на млади лица.
-Го донесовме Оперативниот план за вработување на 16 илјади лица кои се работоспособни, но невработени. Од нив очекуваме 65% да бидат млади, односно наши сограѓани на возраст до 29 години коишто во зависност од тоа дали ќе имаат компанија по принципот друштво со ограничена одговорност со едно лице или друштво со ограничена одговорност ќе добиваат грантови. Ако е ДООЕЛ ќе добиваат грантови до 10 илјади евра, ако е ДОО ќе добиваат од 13 до 20 илјади евра во зависност од тоа колкумина ќе се издржуваат. Мислам дека ова е исклучително квалитетен чекор напред. Ги повикувам апликантите да се пријават на огласот, а од септември да очекуваме уште еден повик повторно млади до 29 години за стартап бизнис идеи. Ќе биде формирана посебна Комисија што ќе го оценува тоа, рече премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата