logo
logo
logo

МИЦКОСКИ 25,4%, А ФИЛИПЧЕ САМО 3,8%, а кај партиите ВМРО-ДПМНЕ убедливо, СДСМ се четврти

Vecer | 26.04.2025

МИЦКОСКИ 25,4%, А ФИЛИПЧЕ САМО 3,8%, а кај партиите ВМРО-ДПМНЕ убедливо, СДСМ се четврти

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците, на најновата анкета.

Според анкетата од МКД и Маркет вижн на Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%.

Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети.

Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk