logo
logo
logo

Мисајловски на завршната симулирана вежба, дел од проектот за сајбер безбедност во Западен Балкан

Vecer | 29.01.2025

Мисајловски на завршната симулирана вежба, дел од проектот за сајбер безбедност во Западен Балкан

Денеска на Воената академија во Скопје, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, дел од министрите во Владата и директорите на безбедносните институции присуствувавме на завршната симулирана вежба која е дел од проектот за сајбер безбедност во Западниот Балкан, поддржан од нашиот сојузник, Обединетото Кралство, информира министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Проектот се состои од три модули во кои се изврши евалуација на капацитетите на владините институции, беа развиени сајбер безбедносни стандарди, а денеска се реализираше и обуката за обучувачи на која беше реализирана и симулираната вежба базирана на сценарио за сајбер напад, пишува Мисајловски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk