logo
logo
logo

Петрушевски: Очаен обид на СДС-ДУИ-Левица да ја сокријат својата немоќ и паника ЗАТОА ЛАЖАТ

Vecer | 18.02.2025

Петрушевски: Очаен обид на СДС-ДУИ-Левица да ја сокријат својата немоќ и паника ЗАТОА ЛАЖАТ

„Слугава на Талат Џафери вчера бесрамно ја лажеше јавноста, тврдејќи дека јас и колегата Драган Ковачки не сме го гласале законот за бранителите!?

Фактите се јасни: Ковачки воопшто не е во Македонија, а јас не можев да гласам бидејќи единствената комисија што се одржа вчера беше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде што не сум член и немам право на глас!

Ова е уште еден очаен обид на СДС-ДУИ-Левица да ја сокријат својата немоќ и паника од поразот што им следува на изборите. Но, колку повеќе лажат, толку побрзо ќе ја видат вистината токму на изборниот ден!“, стои во Фејсбук-објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk