Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од страна на сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот – појаснија од СВР – Велес.
Полицијата пред два месеци го приведе 29-годишниот С.М. кој исто така на социјални мрежи се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата