logo
logo
logo

Министерството за здравство: За пет години, ниту еден лекар не се пријавил за работа во Поликлиниката во Шуто Оризари

Vecer | 24.03.2021

Министерството за здравство: За пет години, ниту еден лекар не се пријавил за работа во Поликлиниката во Шуто Оризари

Министерството за здравство информира дека за Поликлиниката во населбата Шуто Оризари, која работи во склоп на Здравствениот дом Скопје, за период од пет години почнувајќи од 2015 па се до 2020 година, има распишано шест огласи за издавање на ординации по општа медицина за матични лекар.

Од таму велат дека на ниту еден оглас до сега се нема пријавено лекар за работа.

Во моментов во тек е седми оглас за кој јавното надавање ќе биде на 7 април.

„Поликлиниката во склоп на Здравствениот дом Шуто Оризари има четири приватни здравствени установи и тоа ординации по општа медицина, кои во моментов се слободни поради пензионирање на матични лекари. Доколку и на овој седми оглас по ред, нема да се пријават невработените матични лекари, Здравствен Дом Скопје како давател на простор за вршење здравствена дејност и понатаму ќе нема избор туку да продолжи да го објавува огласот за издавање на просторот, се со цел да се јават лекари кои би работеле во овие ординации за да може да се пружи адекватна здравствена услуга и да се унапреди здравствениот статус на граѓаните од оваа општина“, велат од МЗ.

Во моментов во Поликлиника Шуто Оризари има вкупно 14 вработени лица, од кои осум се здравствени работници и шест дел од техничката служба.

Од МЗ велат дека на годишно ниво во Поликлиника Шуто Оризари се реализираат околу 3.0000 прегледи.

Во 2017 година беше отворена и ординацијата по гинекологија, но истата после година и половина беше затворена затоа што докторката го раскина договорот за закуп со Здравствениот дом Скопје. Во моментов, Министерството за здравство опремува нова гинеколошка ординација, која наскоро ќе почне со работа.ж

Деновиве повеќе граѓаснки здруженија побараа институциите да не ги забораваат граѓаните на Општина Шути Оризари кои немаат матичен лекар.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk