logo
logo
logo

Михајловски порача: Убави работи се случуваат, ама НЕ дома!

Vecer | 21.10.2021

Михајловски порача: Убави работи се случуваат, ама НЕ дома!

- За два дена почнува со емитување серијата “Црна Свадба”. Откупена е и во Македонија. Режијата е на Немања Ципранич, а играат Уликс Фехмиу, Никола Којо, Јелена Џокич и многу други меѓу кои и јас во улогата на монахот Тихон.

Веќе се емитува серијата Авионџије а од декември почнува снимањето на новата сезона.

Убави работи кои, за жал, не ни се случуваат дома.

А да, сакав да ви кажам дека Данела, Пецак, Тони, и другите ќе победат во вториот круг – напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук-профил

Михајловски на овие локални избори влезе во трката за градоначалник на Куманово. Но, корона вирусот го спречи да ја заврши кампањата меѓу народот. Неговата кампања се одвиваше на социјалните мрежи. Михајловски не влезе во вториот круг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk