logo
logo
logo

Мицкоски: Заев и Пендаровски да не планираат национални отстапки со Бугарија!

Vecer | 28.05.2021

Мицкоски: Заев и Пендаровски да не планираат национални отстапки со Бугарија!

Ако оптимизмот на Стево Пендаровски се должи на дополнителни национални отстапки со Бугарија, ги предупредувам и него и Зоран Заев дека ВМРО-ДПМНЕ таква работа нема да поддржи и веднаш по формирањето на новата влада тој договор ќе биде напуштен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во Охрид кој го организира партијата заедно со фондацијата Конрад Аденауер.

Мицкоски вели дека очекува кога Пендаровски ќе се врати од Рим, во духот на добрите односи да го повика и информира што се разговарало со Радев и на што се должи оптимизмот.

– Да не им паѓа на памет ниту една реченица која може да биде сфатена двосмислено, а која ќе значи национални отстапки и национални концесии за македонскиот народ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор нема да го поддржува и веднаш по формирањето на новата влада таков договор нема намера да почитува. Ги предупредувам политичарите кои преговараат за дополнителни отстапки на грбот на македонскиот народ и држава ние немаме намера да ги поддржиме и по промена на власт таквиот договор ќе биде напуштен, потенцира Мицкоски.

Во однос на изјавите дека односите помеѓу двете држави се тензични, Мицкоски прашува од каде е тоа, кога Заев постојано вели дека тие се релаксирани.

– Не го разбирам потегот на водството на претходната бугарска влада да ја блокира Македонија, притоа поставувајќи услови кои во најголем дел се однесуваат на 19 век и немаат никаква врска со европските вредности и со иднината на двете држави, на Македонија и Бугарија. Никогаш не можев да помислам дека некој некого може да блокира поради прашања кои се од 19 век, а ние се бориме за 21 век. Еве денеска и утре ќе зборуваме за дигитализација, за животна средина, за вештачка интелигенција, за роботика. Јас навистина сум шокиран од тоа што и се случува на Македонија и тоа од соседот кој треба да е наш најголем поддржувач, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk