logo
logo
logo

Мицкоски: Заев е подготвен на сè, утре се спрема ново предавство

Vecer | 16.06.2021

Мицкоски: Заев е подготвен на сè, утре се спрема ново предавство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи обвини дека премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров, шефот на дипломатијата Бујар Османи и специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски се спремни утре да ги прифатат барањата на бугарските политичари.

„Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во бугарската Декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија“, посочува лидерот на опозициската партија.

Мицкоски вели дека она што тимот предводен од Заев ќе го прифати, подоцна ќе треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија.

„Загрозени се националните и државни интереси, Заев им дава поклон кој многу скапо ќе ја чини нашата држава“, додава претседателот на ВМРО-ДПМЕ кој апелира македонскиот народ, свесно и будно да ја селди состојбата и да не дозволи, како што вели, ново предавство.

Претходно од Владата најавија дека премиерот Заев придружуван од вицепремиерот, Никола Димитров, и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе замине во посета на Софија со цел за наоѓање решенија за отворените прашања.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk