logo
logo
logo

„Дијамантска“ измама во Центар тешка 300 евра

Vecer | 27.04.2024

„Дијамантска“ измама во Центар тешка 300 евра

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар.

Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти.

Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слична измама беше пријавена пред еден месец, кога кумановец беше измамен за 800 евра на плоштад Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk