logo
logo
logo

Мицкоски: „Вкупната загуба на ЕЛЕМ и МЕПСО е 22,8 милиони евра во 2020 година“

Vecer | 23.06.2021

Мицкоски: „Вкупната загуба на ЕЛЕМ и МЕПСО е 22,8 милиони евра во 2020 година“

На својата Фејсбук страна претседателот на најголмата опозициска партија во Македонија, Христијан Мицкоски објави кратка математика за тоа колку ги чини колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:

загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,

загуба на МЕПСО 6 милиони евра и

вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година.

За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании....

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1897189977123119

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk