logo
logo
logo

МИЦКОСКИ: Мијалков го пуштија да замине до Белград, па потоа Заев под притисок на јавноста се договара да се врати назад во Македонија

Vecer | 26.02.2021

МИЦКОСКИ: Мијалков го пуштија да замине до Белград, па потоа Заев под притисок на јавноста се договара да се врати назад во Македонија

Тоа е дел од овој театар, од овој циркус и срам што на Македонија и го нанесоа Зоран Заев и Оливер Спасовски со пуштањето и враќањето на Сашо Мијалков, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за целиот случај поврзан со Сашо Мијалков при што посочи дека власта го пуштила Мијалков да избега во Белград и потоа под притисокот од јавноста врз власта Мијалков се враќа во Македонија.

-Тоа е дел од овој театар, од овој циркус кој што ние го нарековме и срам кој што го нанесе Зоран Заев и Спасовски на Македонија и на граѓаните. Ако граѓаните претходно немаа доверба во политиката, сега после овој театар уште повеќе ќе немаат. Луѓе кои го познаваат Мијалков и се негови блиски пријатели сега веќе на големо зборуваат дека во последните недели, да не речам месеци единствено со кој што комуницирал и со кој што имал би рекол непосредна комуникација и огромна доверба и кого го слушам биле Зоран и Вице Заеви. Ова се кредибилни извори кои што велат дека довербата била на тоа ниво да практично никој друг не слушал освен тоа што ќе го кажеле Зоран и Вице Заеви, бидејќи тие му ветиле нему дека нема да се случи тоа што денеска се случи. Но очигледно дека притисок бил преголем во даден момент и врз Зоран Заев и тој морал да ги примени тие методи кои јавно ги кажа на прес конференција. Нашите информации се дека дека Мијалков стигнал до Белград, потоа се враќа назад и следи оној циркус со тоа дека „вие господине Мијалков сте во Македонија“ и така натаму, рече Мицкоски.

Тој посочи дека е згрозен од сето ова што се случува.

-Јас сум згрозен од сето ова што се случува не затоа што очекувам повеќе од Зоран Заев туку едноставно што дополнително кога мислите дека тој го допрел дното, тој копа подлабоко и оди уште подлабоко во некое дно, рече Мицкоски.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk