Новите мерки немаат врска со медицината, ни со епидемиологијата, вели микробиологот д-р Никола Пановски.

Тој вели дека дека нема медицинска логика во рестриктивните мерки за граѓаните што не се вакцинирани.

Според професорот, нема потреба некој присилно да се вакцинира затоа што илјадници кои прележале ковид имаат огромно количество антитела, во многу случаи и повисоко од она кај вакцинираните.

– Тоа нема врска ни со медицината, ни со епидемиологијата. Од друга страна, може уште в понеделник да се вакцинирате и по 15 минути да седнете во кафуле. А, имунитетот ќе го добиете во ноември или во декември, изјави Пановски за БИРН.

Тој дополни дека и самата организиранот на вакцинирањето е лоша, бидејќи некој што чекал четири чласа на пунктовите би можел да се откаже и никогаш повеќе да не дојде. Пановски смета дека не требало да биде затворен ниту „Борис Трајковски“ за вакцинирање.

Уште еднаш го повтори ставот дека прележан од Ковид-19 треба да прими само една доза.