logo
logo
logo

Меморијален марш за двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци

Vecer | 12.02.2021

Меморијален марш за двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци


Со Меморијален марш утре ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде [to ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од Ковид-19.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје – Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

За несреќата се води судска постапка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk