logo
logo
logo

Медиумските здруженија бараат Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања

Vecer | 04.05.2021

Медиумските здруженија бараат Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања


Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите реагираат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања.

Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за посредување на закуп на медиумскиот простор. Според описот на јавната набавка целта е да се склучи договор со приватна фирма за сума од околу 200.000 евра која потоа ќе ги изработи овие стратегии и ќе плати на онлаjн медиуми пари за кампања за промоција.

„ Партнерските организации ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека праксата за закуп на медиумски простор е забранета и во спротивност со Заклучокот на Владата од 24-та седница од 22.08.2017, a во согласно со мерката 6.1.2. од Планот 3-6-9, која се однесува на стопирање со владините реклами. Со овој заклучок се обврзуваат државните органи да престанат да емитуваат/рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл. (со исклучок на социјалните медиуми)“ се наведува во реакцијата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk