До петок маркетите и аптеките треба на своите веб-страници да ги објават цените
До петок сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјалните веб-страници. Објави на социјални мрежи нема да се сметаат за исполнување на обврската.
Обврската не важи за микротрговците кои имаат до 10 вработени и приход под 50.000 евра годишно. Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите, цените ќе се ажурираат дневно, а непочитувањето ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.
Целта е зголемена транспарентност, полесно споредување и стабилизирање на пазарот.
Трговецот на веб-страната треба да има мени со посебен дел како ценовник. Маркетите што имаат повеќе продавници треба да ги истакнат цените за секоја одделно. Во посебен дел треба да се истакнат цените и производите кои што подлежат на промоција, односно на акција. Доколку производот е на попуст тоа треба посебно да се наведе и да се назначи до кој датум ќе трае.
околку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на вебстраницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот. Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот. Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа“, објавено е во Правилникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата