logo
logo
logo

Марија од Лозово: “Пријателот“ ми помогна за вработување, а ПОТОА БАРАШЕ ДА МЕ ЛЕГНЕ

Vecer | 28.04.2021

Марија од Лозово: “Пријателот“ ми помогна за вработување, а ПОТОА БАРАШЕ ДА МЕ ЛЕГНЕ

Марија Чукниева е 35 годишна сопруга и мајка на две девојчиња. Работи како наставник по англиски јазик во основно учичиште во с. Лозово. За да добие вработување на ова работно место, ѝ помагал близок пријател на нејзиниот татко. Имено, Марија решението го добила после 5 години работен однос во истото училиште, чиј директор постојано велел дека сè уште не било време за вработување, иако законски ѝ следувало истото.

Дури и од МОН била известена дека решениото требало да го добие многу порано. Тогаш, таткото на Марија, се обратил кај својот пријател.

– Кога се заврши целата работа, еден есенски ден се јави пријателот на татко ми лично кај мене, да ми каже дека сака да ги почастам кафе заедно со директорот за решението. Верувајќи дека е близок пријател на татко ми не очекував ништо лошо. Но… Ме однесе во неговата куќа, наводно да земел нешто, а јас внатре да го почекам. Сè уште наивно верувајќи влегов, и тогаш почна голготата.

Разговорот започна така што „пријателот” ме убедуваше дека треба да спијам со него како едно благодарам за тоа што ми помогнал за решението, пишува Слободен печат.

Категорично го одбив. Ме праша колку месечно сме заработувале со сопругот, и дека ако спијам со него ќе сум работела во Скопје и ќе сум заработувала по 1.000 евра. Сè уште одбивајќи го, се доближуваше до мене, терајќи ме да го бакнам во лицето, дека сме модерни луѓе и сите го правеле истото. Веќе почнав да се тресам и само сакав да си одам. Тој цело време бараше да го бакнувам на лицето. Само бегав од него и сакав да си одам, а не можев да излезам.

Среќа во несреќа, му заѕвони телефонот и го викнаа некаде итно, па така се понуди да ме однесе до дома. Бидејќи моето работно место е оддалечено 20-на километри од мојот град, ми беше страв дека може да заврти по некои споредни патишта и да се случи најлошото. Се вратив во подрачното училиште, ја повикав колешката и се и раскажав, додека липав од плачење.

Тој ден, прв пат во мојот живот, се напив дијазепам. Испив 3 апчиња од 5 милиграми и сè уште не можев да се смирам, со ужас се присетува нашата соговорничка.

Цели три години Марија за ова молчела пред својот сопруг.

– Немам зборови да ја опишам реакцијата. Премногу измешани чувства, премногу бес и лутина и тоа беше првпат да ја видам таа реакција кај него. Не знаеше на кого попрво да се лути, дали мене, дали на дотичната личност, или на вујко ми. Сепак, се работи за неговата сопруга со која создал семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk