logo
logo
logo

Грчева: МАНУ успеа да си го задржи името

Vecer | 25.02.2021

Грчева: МАНУ успеа да си го задржи името

Претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, на својот Фејсбук објави дека Македонската академија на науките и уметностите, го одбила барањето на Владата  Според Грчева, академикот Абдулменаф Беџети бил единствениот кој се изјаснил позитивно.

„МАНУ успеа да си го задржи името. Го одбија дописот од Владата за итна промена во нешто перверзно како Национална Академија на ....Северна Македонија. Против, само акад. Беџети. После натегања, Владата мораше да попушти. Браво за Македонската академија!! Камо вака сите инситуции да не попуштаа“, напиша Грчева на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk