logo
logo
logo

Драстичен пад на минувањето на црвено светло, но илјадници возат со нерегистрирани возила

Vecer | 02.04.2026

Драстичен пад на минувањето на црвено светло, но илјадници возат со нерегистрирани возила

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

-Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место, информира МВР.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk