Истражувањата на Тобако Атлас од 2019 година вели дека во Македонија граѓаните пушеле околу 2515 цигари годишно, што ја прави земјата прва во Европа по број на испушени цигари.
По Македонија, на второ место е и Бугарија, каде бројот на цигари изнесува 2495, а потоа и Белорусија со испушени 2432 цигари.
За споредба во европските земји, бројот е доста понизок.
Па така, најмалку цигари се пушат во Норвешка каде годишниот број изнесува 365, Германија 468, додека пак во Шведска бројот е 638.
Во поново истражување, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач.
Согласно податоците, во моментов половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4 проценти) користат тутун.
Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата