logo
logo
logo

„Ахмети и Таравари имаа 2-3 директни средби, а не само телефонски разговор“

Vecer | 21.04.2025

„Ахмети и Таравари имаа 2-3 директни средби, а не само телефонски разговор“

„Али Ахмети и Арбен Таравари имаа две, или три директни средби, нивните контакти не беа само разговор преку телефон! Јас не го знаев ова, но добив информации за тоа.“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, коментирајќи ја изјавата на Арбен Таравари, кој негираше дека имал средба со лидерот на ДУИ Ахмети и тврдеше оти со него имал само телефонски разговор.

Во ова тврдење на Зијадин Села, кое го пренесе ТВ 21, не појаснил и што евентуално разговарале Ахмети и Таравари на неколкуте средби, ако е ова точна информација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk