logo
logo
logo

ПАПАТА ФРАНЦИСК БЕШЕ ПРВ РИМОКАТОЛИЧКИ ПОГЛАВАР КОЈ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА во 2019 година

Vecer | 21.04.2025

ПАПАТА ФРАНЦИСК БЕШЕ ПРВ РИМОКАТОЛИЧКИ ПОГЛАВАР КОЈ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА во 2019 година

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Македонија. 

Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава.

На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа централната прослава на која присуствуваа околу 15 илјади луѓе и 300 новинарски екипи, папата Франциск служеше понтификална Света Литургија.

Папата ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза, која во 2016 година од страна на Ватикан беше прогласена за светица. 

Посетата на папата Франциск се одвиваше под силни безбедносни мерки и со посебен сообраќаен режим.

Посетата на поглаварот на Римокатоличката црква се поклопи со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Македонија со Ватикан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk