СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој додаде дека во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДСМ, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДСМ.
– Одговорен за логистика и за организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов од Куманово е Оливер Трајковски, шеф на штаб на СДСМ во населбата Зелен Рид, како и вработен во ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ за локалните избори 2021 година, Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска. Од СДСМ и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да ѝ наштетат на владата – рече Петрушевски.
ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДСМ, ССМ и СДСМ се веќе едно исто, додаде пратеникот Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата