logo
logo
logo

Лефков: Имаше пари за Заев и Филипче да летаат со хеликоптери, ама не и да се изгасне огнот во Кочанско

Vecer | 02.08.2021

Лефков: Имаше пари за Заев и Филипче да летаат со хеликоптери, ама не и да се изгасне огнот во Кочанско

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денес се обрати на граѓаните во Кочани и до надлежните кои како што рече не направија ништо за да се спречат пожаите во Кочани и околината.

„Денес на големиот празник Илинден, Кочани се бори со огнената стихија. Денеска во попладневните часови беше битката за Кочани. Битка во која излегоа сите сограѓани сами кои со противпожарните единици се бореа против огнената стихија. Ние излеговме да помогнеме колку можеме бидејќи огност се движи кон село Тркање, се запали боровоата шума над Кочани, а ЦУК и Владата ги заборавија граѓаните имаше пари да се возат со хиликоптери Филипче и Заев, а нема за да се сопре огнената стихија и кочанчани се оставени сами. Иако огнот е под контрола, заканата постои. Ако ова го гледаат Ангелов и Заев дајте барем мал дел од ресурсите, не ги трошете за ваше уживање, мислете на граѓаните“, рече Лефков.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој се заблагодари до сите граѓани кои дадоа и даваат поддршка, се заблагодари на пожарникарите. До надлежните апелираше да престанат да уживаат во своите скапи автомобили и канцеларии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk