logo
logo
logo

Да не се заборави

Последниот претседателски говор на Мечкин Камен 2018 година

Vecer | 02.08.2021

Последниот претседателски говор на Мечкин Камен 2018 година

„Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?“ Гане Тодоровски

Историјата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија......

Многупати се обидувале да ни накалемат некаков туѓ идентитет, но сепак не успеале, бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас.

Затоа, сега не убедуваат сами себе да си се укинеме.

Затоа, сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство. Бидејќи од суверената волја на македонскиот народ извира и суверената македонска република.

Без македонскиот народ, општото добро ќе биде сведено на ничие добро, кое секој ќе може да го разграбува и разнебитува.

Без македонскиот народ, македонската република станува ничија земја.

Бидејќи без македонскиот народ нема македонска република.

За возврат на тоа ни е ветен просперитет, но по цена на нашиот идентитет. А јас се прашувам, каков ли е тој просперитет без идентитет, без слобода да се наречеме според нашето сопствено име?

Вината за ваквата состојба не можеме да ја бараме ниту во нашиот јужен сосед, ниту во европските и евроатлантски партнери. Бидејќи ниту ирационалната параноја на првиот, ниту студениот прагматизам на вторите не можат да не променат.

Каде е тогаш вината?

Знаејќи какво е семето, Мисирков уште пред 115 години посочил каков ќе биде плодот. Тој речиси пророчки не предупредува за ова кобна македонска одлика и вели: „Собитијата што се развија до сега ни покажаа колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи дека постапуваме правилно.“

Затоа и авторот на последниот македонски манифест, оној што предмалку го чувме, прашувајќи кој тоа ни го брише минатото за да ни ја одземе и иднината, без тронка задршка одговара – „Не обидувајте се никогаш вината да ја барате подалеку од нас.“

Затоа, лекцијата што постојано ни се повторува бидејќи никако да ја научиме е следната: најголемите национални катастрофи на Македонија и се случувале тогаш кога е заобиколувана општата волја и кога е напуштан националниот консензус.

 

ILINDEN_5

Републиката постои за да го заштити општото добро од секој оној што ќе посака да го присвои само за себе. Смислата на републиканските механизми е да ја спречат злоупотребата на власта за тесни лични и партиски интереси.  Секогаш кога тесните лични и партиски интереси го завземаат местото на трајните интереси на Републиката се завршувало со национална катастрофа....

За многу години Илинден!

Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста!

Да живее Република Македонија!

_________________________________________________

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk