logo
logo
logo

Кумановка измамена за 30 илјади евра, „полицаец“ и рекол дека ќерка прегазила дете мигрант

Vecer | 01.02.2025

Кумановка измамена за 30 илјади евра, „полицаец“ и рекол дека ќерка прегазила дете мигрант

Кумановка измамена за 30 илјади евра.

„На 31.01.2025 во 14.30 часот, 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра“, инфромираат од МВР.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk