logo
logo
logo

КРИВИЧНА за тројца полицајци ПРЕТЕПАЛЕ крадец фатен на дело и тешко го повредиле

Vecer | 20.11.2023

КРИВИЧНА за тројца полицајци ПРЕТЕПАЛЕ крадец фатен на дело и тешко го повредиле

Кривична пријава за тешка телесна повреда и малтретирање во вршење на службата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл.131 став 3 во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ.

Имено, пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk