logo
logo
logo

Димитриевски: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за Груевски

Vecer | 05.05.2026

Димитриевски: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за Груевски

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски.

Во јавноста, наместо целосна транспарентност и институционална доследност, со години се менуваат ставови, се оставаат недоречени ситуации и се отвора простор за сомнежи околу начинот на кој се воделе клучни политичко-правни процеси.

Се поставува прашањето дали во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски, во присуство на Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Артан Груби и други претставници на СДСМ се разговарало за сценарија поврзани со враќањето на Никола Груевски во Република Македонија во замена за негова амнестија.

И дали постојат записи или стенограми од тие средби, кои се кријат од јавноста? Дали помеѓу СДСМ и ДУИ постоеле политички договори за законски измени во Кривичниот законик, по барање на Груевски? Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје?

Дополнително, останува отворено прашањето за самото заминување на Груевски од државата и дали за тој институционален пропуст е утврдена конкретна одговорност, имајќи ги предвид тогашните надлежности на властите предводени од СДСМ.

Според ставовите што ги изнесе Димитриевски, наместо целосно расчистување, јавноста со години сведочи на политички дефокус, обвинувања и недоречени објаснувања, додека суштинските прашања остануваат без конечен одговор.

ЗНАМ не прифаќа политика на фиоки, ниту правда што се темели на селективност. Доколку постојат материјали, тие не смеат да останат затворени. Вистината не е сопственост на поединци, туку право на граѓаните.

ЗНАМ, Центар за комуникации и аналитика

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk