logo
logo
logo

Кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка сопственици на над 500 крави-една од нив влечела и гребела полицаец по лицето

Vecer | 11.12.2025

Кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка сопственици на над 500 крави-една од нив влечела и гребела полицаец по лицето

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки сопственици на повеќе од 500 крави за кривично дело „Спречување службено лице при вршење службено дејствие“, во врска со инцидентот кој се случи на 2 декември во местото Самоков, во близина на село Луке, кога обвинетите не им дозволуваа на службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат конфискување крупен добиток по правосилно судско решение.

Таткото е обвинет и за загрозување на сигурноста на присутните лица, со сериозни закани, додека една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник кој бил повикан да асистира, при што го повредила со влечење и гребење по лицето. Дејствијата на обвинетите спречиле службените лица да ја извршат својата задача, се вели во обвинителскиот предлог.

За време на обезбедувањето на доказите, сите тројца обвинети беа задржани со притвор.

The post Кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка сопственици на над 500 крави-една од нив влечела и гребела полицаец по лицето appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk