logo
logo
logo

Криминалната власт на СДСМ Македонија ја направи презадолжена земја, со новото задолжување државниот долг ќе достигне над 7.8 милијарди евра

Vecer | 23.04.2022

Криминалната власт на СДСМ Македонија ја направи презадолжена земја, со новото задолжување државниот долг ќе достигне над 7.8 милијарди евра

СДСМ и Ковачевски ја продолжија црната слика за македонската економија оставена од Зоран Заев. Од ден во ден, од месец во месец, од година во година државата е се позадолжена и фрлена на колена, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Македонија станува презадолжена земја. Без капитални инвестиции, со минимален раст на БДП, а парите на граѓаните се трошат само за непродуктивни трошења, криминални тендери и богатења на функционерите на СДСМ и ДУИ. Со новото задолжување кое е предвидено од страната на оваа криминална власт на СДСМ и ДУИ, државниот долг ќе го достигне историскиот врв од 7.8 милијарди евра. За само 3 години оваа власт, под превезот на изгласаните кризи во државата се задолжи за неверојатни 2.3 милијарди. А, со тоа секој граѓанин за само 3 години го задолжија за нови 1.250 евра. Кризи со кои се справивме најкатастрофално во Европа, но и во регионот. Како со здравствената, каде што најубедливо сме најлоши, така и со економската каде што имаме најмал БДП од земјите во регионот за последните 2 години, велат од партијата. од таму додаваат дека сега новото задолжување го оправдуваат со енергетската криза како и последиците од војната во Украина. И повторно заради лошото справување и менаџирање на кризите. -Се поголем е бројот на затворени фирми, компании и отпуштање на вработени, поради задоцнетите или нецелосните мерки од страна на оваа криминална власт. Инфлацијата секојдневно го јаде стандардот на граѓаните, а Владата на СДСМ и ДУИ со прст не мрда да им помогне на граѓаните. Јасно е дека оваа власт е тотално неспособна да се справи економските предизвици и за подобрување на стандардот на граѓаните. Македонската економија е целосно уништена. Оваа неспособна и криминална власт мора да замине што поскоро, а за тоа се потребни брзи предвремени избори, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk