logo
logo
logo

ВРЕМЕТО НА ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗАВРШИ - порача Јорданчо Јанев

Vecer | 22.04.2025

ВРЕМЕТО НА ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗАВРШИ - порача Јорданчо Јанев

„Медиумите имаат права, но и обврски. Дел од тие обврски е да известуваат точно и да лиферуваат проверени информации.

Одговорно тврдам дека станува збор за лажна информација, и на никој начин ниту сум ургирал, ниту сум вршел било каков притисок, врз било кого да не се напише казна.

А доказ е за тоа е што споменатото лице уредно ја платило казната, бидејќи без оглед на се и без оглед на било каква припадност и поврзаност законот мора да важи за сите.

Ја разбирам и какафонијата во опозицијата која е и инспиратор на ваквите дезинформации и нивните стари навики за корупција, но ова е друго време.

Доколку медиумиот не ја повлече лажна вест и не се извини ќе покренам правни средства и тужба.

Времето на корупција, лаги и врски завршува, а промените почнуваат од сите нас“, пишува во својата објава на Фејсбук, Јодранчо Јанев, демантирајќи ги пишувањата на некои медиуми, кои објавија дека на 2-ри овој месец готвачот во ресторанот Шалом во Струмица, кој е во сопственост на баџанакот на Мицкоски, возел под дејство на алкохол, но наводно не бил казнет.

Фото: ФБ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk