logo
logo
logo

Македонија се движи кон нормална држава, тоа никој не го спори. Николоски заминува за Лонодон по нови проекти

Vecer | 22.04.2025

Македонија се движи кон нормална држава, тоа никој не го спори. Николоски заминува за Лонодон по нови проекти

Не запира динамиката да се создаваат нови релации на дипломтски план, нови проекти и  нови пазари и инвеститори, тоа е нешто што никој досега не се ни обидел да и го оспори на оваа влада.

Дипломатски е веќе виден резултатот дека притисоците и ветото од Бугарија не се тема на Европската унија која е се повеќе подготвена да следи што Македонија прави со реформите, борбата против корупција, странските инвестиции и заздравувањето на државниот систем кој, и споерд нив, е разурнат - отколку со спорот помеѓу Бугарија и Македонија.

А инвестициите се тука, од првата најавена за енергетски ветерен парк во источна Македонија која беше планирана за 350 милиони евра, а пред десетина дена инвеститорот објави дека собрал фондови кои се подготвени за истата да иневстираат до 500 милиони евра до, заедно со енергетиката, најаважниот дел за заздравување на економскиот потенцијал, а тоа се домашните иневстиции во инфратруктурата кои се под контрола на Министерството за транспорт и врски.

И на тој план никој досега не се ни обиде да оспори сериозни, и за економистите, тешко остварливи резултати кои се тука, во градењето на инфраструктура низ цела Македонија со реализација на прокети во ист момент, во една неполна година, кои се двојно поголем обем од сите проекти на владата на СДСМ/ДУИ за нивните над седум години власт.

Од Скопје па се до Охрид се градат автопатишта или обновување на регионални патишта. Охридскиот аеродром и патот околу охридското езеро се под полна пареа на градежни машини и странски инвеститори и туристички агенции, нешто што во тој крај не е видено повеќе од десет години.

Скопје наскоро ќе види завршување на проектите од минатата влада на ВМРО ДПМНЕ кои седум години стоеа нереализирани како проектот за нова зграда на ФИНКИ, Факултетот за информатика, Универзална сала или инвестиции во јавното здравство.

Источна Македонија гледа проекти од тој вид но, и проекти за довршување на Клиничката болница во Штип, серија енергетски проекти од витално значење за економијата и секојдневниот живот на граѓаните и потреби на компаниите.

Патот од Кавадарци до Прилеп е во градба, по пауза од најмалку три години. По десет години вратена е функцијата на Македонски железници, а при крај е дозволата за трет мобилен оператор што е битно за сметките на граѓаните и компаниите, проекти исто така под контрола на министерот Александар Николоски.

Тоа се нешта кои никој не се ни обидел да ги спори, лесно видливи, лесно пресметливи во бројки и лесно споредливи со резултатите на минатата владата на СДСМ и ДУИ. 

Македонија не е истата од пред две, три или седум години. Државата почнува да функционира, и тоа може секој да го види. Во некои нешта побрзо, во други поспоро но, се движи во континуитет.

И не се запира тука, туку се бараат нови релации со европските партнери.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена, се вели во соопштението на Министерство за транспорт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk