За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена
граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена,
опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се
гради и во која што важат законите за сите подеднакво, изјави Драган Ковачки,
носител на изборна единица 3
Тој рече, затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на
сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено
единство, на национално единство.
-Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме
Македонија во рацете на граѓаните. Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да
гласаме за бројот 2, потенцира во изјавата Ковачки.