Поранешната амбасадорка на Македонија во Берлин Корнелија Утевска Глигоровска, со коментар и критика за предлогот за Европа со две брзини.
- "Европа со две брзини" - ова е најновиот предлог за трансформација на ЕУ од пред неколку дена. Сега како автор се потпишува Ларс Клингбајл, потпретседал на владата, министер за финансии и лидер на Социјал-демократската партија, помалиот коалиционен партнер во германската влада. Точно 26 години од првиот, изнесен од Јошка Фишер, тогашниот министер за надворешни работи на Германија во владата на Герхард Шредер (СПД) во неговиот познат говор на Универзитетот Хумболд во Берлин во 2000г. Предлогот тогаш наиде на критика, предизвика дискусии и не беше прифатен.
Клингбајл сега само го извади стариот предлог од фиока. Овој сега (како и оној тогаш) предвидува формирање на јадро од 6 европски земји - Е6, кои побрзо ќе донесуваат одлуки и ќе бидат поединствени. Составот на Е6 (Германија, Франција, Полска, Холандија, Шпанија и Италија) овојпат е малку поразличен, прилагоден на потребите на денешницава, но супата е одамна зготвена, сега само стоплена.
Европската унија е во тешка ситуација, за која самата е виновна. Паниката во ЕУ е голема, причините се многубројни. ЕУ го губи економското и политичкото значење, земјите се "гушат" во проблемите со мигрантите кои донесоа зголемување на криминалот (кражби, убиства, силувања - дневно во Германија се случуваат по две групни силувања, да не зборуваме за поединечни, приближно 100% извршени од странци) тромоста во донесување на ЕУ-одлуките е голема, демократијата и слободата на говор се повеќе се ограничува, постои неверојатна заслепеност во поддршката на Украина и санкциите кон Русија... безброј проблеми, различни мислења и ставови меѓу земјите-членки, малку мудри одлуки. Брисел самодоволно се одлепува од реалноста. Европската унија самата се поткопува.
Во ситуација на безизлезност, се бара нов квалитет, нов начин на функционирање!?
Дали времето созреа за вакви драстични промени?
Кон која ЕУ се стреми Македонија, на која и го сменија идентитетот токму за таа цел? Како северњаци ќе можеме да станеме (ако воопшто) дел од некоја си беззначајна, темна и магловита европска орбита... и ништо повеќе. Вреди ли???, прашува екс амбасадорката на Македонија во Берлин Глигоровска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата