logo
logo
logo

Која е МАКСИМАЛНА ЗАТВОРСКА КАЗНА во Македонија

Vecer | 04.12.2023

Која е МАКСИМАЛНА ЗАТВОРСКА КАЗНА во Македонија

Македонија, заедно со Словенија, Бугарија и Романија се единствените земји кои имаат доживотна казна за осудениците во своите правосудни системи во регионот, анализираше балканската Ал Џезира по најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија размислува за воведување на оваа непопуларна санкција.

Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора се ретките земји во Европа кои немаат доживотна казна затвор, со Португалија, Исланд и Норвешка.

Максимална казна затвор која може да биде изречена во Србија е 40 години, а до 2006 година интересно е тоа во канениот систем постоеше и институтот смртна казна, која беше укината.

Во Хрватска и Црна Гора, на максимална затворска казна е, исто така, 40 години, додека во БиХ оваа казна е 45 години за брутално убиство.

Во Албанија судот може да одлучи за доживотна казна затвор но само во посебни околности и процедури, слично како во Русија и Белорусија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk