Здравствениот систем во Македонија наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат. Па така Клиниката за хематологија каде директорува Пановска како по правило ја продолжува праксата да доделува тендери на веледрогеријата на Пановски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие посочуваат дека со други зборови Клиниката кај што е директор ќерката доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото.
- Оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра. Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не и било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад? – прашуваат тие.
Според нив ова е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува.
- Ова е дел од еден систем кој го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните а пред се на пациентите. Ова мора да престане, стои во соопштението.