logo
logo
logo

Еве што пишуваат ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ

Клементина НЕ покажала ни трошка жалење за убиството на Денис Тот!?

Vecer | 14.04.2022

Клементина НЕ покажала ни трошка жалење за убиството на Денис Тот!?

Младиот хрватски ракометар Денис Тот (27) почина во четвртокот по брутално претепување пред скопскиот клуб „Привилиџ“. Причина за инцидентот наводно била девојката Клементина Левковска (19) која била приведена откако се прегледани снимките од безбедносните камери.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Клементина за време на сослушувањето се однесувала така што во полиција  ги изненадила и самите полицајци.

„Само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар ракија во продавница, а не за насилна смрт“, изјавил за  хрватски „Јутарњи лист“ извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопски РК Бутел.

Истиот извор наведува дека таа кога била 14-годишно девојче се лекувала во психијатриска установа поради психопатско растројство на личноста.

„Како 14-годишно дете се лекуваше од психопатско растројство на личноста, се лекуваше во психијатриски установи. Беше третирана и од социјалните служби, бидејќи бегала од дома поради употреба на дрога. Откако родила дете, кое сега има година и пол, со нејзиниот случај се занимавала и социјалната служба поради запоставување на детето“, наведува изворот на Јутарњи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk