logo
logo
logo

Хоџа најави јавна расправа: Доаѓа нов закон за посилна заштита на природата

Vecer | 21.03.2026

Хоџа најави јавна расправа: Доаѓа нов закон за посилна заштита на природата

Следниот месец ќе започне јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата, најави министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, кој ги повика сите релевантни чинители активно да се вклучат во процесот.

Според министерот, веднаш по објавувањето на нацрт-законот на платформата ЕНЕР, ќе биде отворен простор за сугестии и предлози, со цел да се донесе квалитетно и сеопфатно законско решение.

„Со новиот закон за природа, кој веќе следниот месец ќе биде ставен на јавна расправа, ќе ја зајакнеме заштитата и одржливото користење на природните вредности и биодиверзитетот“, порача Хоџа.

Тој нагласи дека новото законско решение треба да донесе поефикасни механизми за зачувување на екосистемите, вклучително и шумите, кои се меѓу најзначајните природни ресурси во државата.

Во процесот на јавна расправа се очекува да се вклучат институции, експерти и граѓански организации, со цел да се обезбеди поширок консензус и транспарентност во носењето на законот.

Инаку, потребата од нов закон беше нагласена и од еколошките организации, кои предупредија дека постојното законско решение има сериозни недостатоци и дека неговото одложување може дополнително да ја влоши состојбата со природата во земјата.

Овој процес се смета за клучен чекор кон подобра заштита на животната средина, во време кога биодиверзитетот и природните ресурси се под сè поголем притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk