Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вечерва на отворањето на новиот штаб во Скопје нагласи дека Алијансата за Албанците би била подобро во опозиција, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат.
„Не, немаме дефинитивна одлука, но најверојатно гледате дека довербата меѓу нас во владината коалиција е во мизерна состојба и верувам дека овие денови, треба да се сретнеме со премиерот бидејќи е коректно да се сретнеме и да разговараме уште еднаш. Верувам дека АА треба да биде во опозиција и да се обиде да ја направи трката што е можно подобра, да се организира преку штабови и ограноци и да се обиде да освои што е можно повеќе општини, но дефинитивната одлука ќе ја донесе раководството на партијата“, рече Таравари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата