logo
logo
logo

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ДОБИ ДОСТОЕН НАСЛЕДНИК: Честитка од Архиепископот г.г. Стефан до новоизбраниот Папа Лав XIV

Vecer | 10.05.2025

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ДОБИ ДОСТОЕН НАСЛЕДНИК:  Честитка од Архиепископот г.г. Стефан до новоизбраниот Папа Лав XIV

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод изборот на новиот Папа Лав Четиринаесетти.

-Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква. Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица, се наведува во честитката.

Со изборот на Вашата Светост, додава г.г. Стефан, Католичката Црква доби достоен наследник на блаженоупокоениот Папа Франциск, кој, веруваме, ќе ги продолжи и надгради неговите дела и мисија.

-Триединиот Бог нека Ве дарува со боговдахновена, смирена, плодородна и долговечна служба, пројавена преку Вашата молитвена грижа и ревност за Неговиот народ и Неговиот Дом, стои во пораката на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до папата Лав Четиринаесетти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk