logo
logo
logo

Јанушев: Со оваа власт Македонија доживува крах на системот

Vecer | 23.03.2021

Јанушев: Со оваа власт Македонија доживува крах на системот

„Со СДСМ на власта институциите укажуваат хибриден режим неколку години по ред, секоја класификација дали тоа е за корупција, без разлика на што, Македонија секаде како држава тоне.

Во исто време се зголемува потрошувачката кошничка, односно цените буквално на сите производи растат, имаме рекордно голема бројка веќе на невработени граѓани. Значи буквално нема еден, единствен сегмент каде што може од власта да излезат и да кажат дека еве во оваа работа сме успешни“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во утринска програма на Алфа телевизија.

Јанушев додаде дека ако се анализира економската ситуација, финансиите, инвестициите, работење на проекти, реформирање на училишта во образовниот систем направија најголем хаос што можеше да направат. Власта говореше за реформа во здравството имаме катаклизма, катаклизмична појава во здравство. Буквално за се што власта се фати и што кажа дека ќе направи апсолутно оди во надолна линија и тоа без кочница, со СДСМ на власт Македонија оди во пропаст.

„ВМРО-ДПМНЕ да ја имаше оваа ситуација и да беа тие што ќе раководат со државава досега ќе имавме вакцини. Значи дали ќе имаше 50, 100 луѓе што ќе беа пратени на сите страни на светот, дали негде ќе требаше да се молиме, да не знам што да правиме, досега ние ќе имавме вакцини. Ова е ненормална ситуација кога нема држава каде што веќе неколкукратно луѓето не се извакцинирани“, рече Јанушев.

Јанушев посочи дека со СДСМ Македонија доживува крах на системот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk